Откриен најстариот воен доказ од масакр извршен пред 10 000 години | Видео

166

Научници од Универзитетот Кембрџ го откриле најстариот доказ од војна кој воопшто бил пронајден од цивилизацијата. Се работи за масовна гробница во Кенија за која се претпоставува дека настанала уште во каменото доба, пред најмалку 10 000 години.

По завршување на злосторството, 27 луѓе лежеле мртви на локалитетот Натарук, кој е 30 километри оддалечен од езерото Туркана, на северот од Кенија. Трагите од насилството биле видливи на најмалку четири скелети, врз кои биле пронајдени траги од врзување на рацете и нозете, а главите, колената и колковите им биле пукнати, откриле научниците.

Пронајдено е и тело на трудница која најверојатно била врзувана на рацете и нозете, а останатите жртви имале рани од стрели на вратот, нозете, рацете и ребрата.

Еден од предметите кои е пронајден е сабја, која била направена од вулканско стало.

Според научниците, сите овие факти звучат како средновековен варварски чин, а потсеќа на сегашните злосторства кои се нанесуваат во Сирија. Тие претпоставуваат дека чинот на колење претставува најраниот доказ на човечка војна.

Според Марта Миразон, палеонтолог од Кембриџ, најверојатно овие луѓе се убиени обидувајќи се да одбранат територија која била богата со природни ресурси.

-Масакрите и масовните убиства станаа вообичаена појава во последните 200 години, но овој пронајдок навистина не изненади и е доказ дека луѓето војувајле многу порано , вели Миразон.

Научниците претпоставуваат дека остатоците кои се пронајдени можеби припаѓаат на еден семеен клан, а стрелите кои биле пронајдени водат до факти дека убијците најверојантно биле надвор од овој регион од земјата.