Тест-лет на вселенскиот брод за Марс | “Сега Марс се чини можен!” Видео

289

Возилото за тестирање од не’рѓосувачки челик, наречено е SN5, а некои го споредуваат со силос за жито.

Прототипот на следната генерација на вселенскиот брод на Starship е успешно лансиран на висина од 150 метри, пишува ББС.

Тест-дронот лесно ја надмина посакуваната надморска височина, а потоа успешно слета со помош на специјални ногарки.

Летот се случи во центарот за лансирање на SpaceX во близина на селото Boca Chica во Јужен Тексас во вторникот вечерта.

По пауза од една година ова е прв тест лет на погонскиот мотор Raptor кој ќе се користи во вселенскиот брод.

Возилото за тестирање од не’рѓосувачки челик, наречено SN5, е споредувано е од некои со силос за жито или резервоар за вода.

Но, токму ова несмасно возило може да го отвори патот за идно човечко патување кон Месечината и Марс.

Непосредно по тест-летот, кој траеше нешто помалку од една минута, основачот на „SpaceX“, Elon Musk објави на Твитер: „Марс се чини можен!“

Вселенскиот брод полета од Boca Chica во 18:57 часот по локално време. Во него е вграден мотор Raptor кој работи на течен метан и течен кислород.

Финалната верзија на вселенско летало ќе има шест Раптори високи 50 метри, а бродот ќе може да понесе стотина луѓе.

Но, за да ја надмине гравитацијата на Земјата, ќе мора да биде лансиран од огромна ракета наречена Super Heavy која ќе има дури 31 Raptor мотори.

Друго тест возило наречено Starhoppper веќе има изведено неколку кратки тест летови во 2019 година, а исто така достигна и височина од околу 150 метри.

The Starship е еден од тројцата кандидати да стане превозно средство што ќе ги однесе луѓето на Месечината во мисијата на НАСА закажана за крајот на 2020 година. Јапонскиот милијардер Yusaku Maezawa, кој своето богатство го стекна во брза мода, веќе го резервираше своето место во Starship на лет околу Месечината.

Патем, Elon Musk долго време посакува да испрати луѓе на Марс за да ја реализираат својата визија, да ги направи луѓето „мулти-планетарни видови“.