Владата на Бразил ја започна акцијата „Зелен Бразил 2“, чија цел е борба против уништување на шумите и спречување пожари во Амазонија.
Теренските операции започнаа на 11 мај, а во оваа фаза од операцијата, се очекува вооружените сили да распоредат 3.815 војници, 110 возила, 20 бродови и 12 авиони, сето тоа ќе биде под команда на три Заеднички командни центри.
Според извештајот, првите резултати од акцијата биле запленување на 23 багери, еден камион, еден пикап од марката Хилукс, седум линии за раздвојување, пет бродови, 11 моторни пили, оружје, муниција и 206 килограми паста, од кои со обработка се добива кокаин.
Операцијата под покровителство на кампањата „Гаранција на закон и ред“ (ГЛО) ќе трае, како што е предвидено, до 10 јуни, но веројатно ќе биде продолжена доколку е потребно.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.