Кое дете е миленик на мајката

481

Мајките ги фаворизираат децата, кои ги потсетуваат на нив самите, а не оние кои се поуспешни и кои поубаво се однесуваат, покажува најновото истражување, посветено на прашањето кое дете мајката ќе го одбере за свој иден примарен старател

Во истражувањето, кое седум години го спроведувале научниците од државниот Универзитет во Ајова и Универзитетот Корнел од Њујорк, биле вклучени 406 мајки на возраст меѓу 65 и 75 години, кои требало да одредат, кое од нивните деца ќе им биде примарен старател.

Студијата покажала дека мајките почесто ги одбираат децата, кои ги сметаат за личности, со кои имаат слични уверувања и вредности, дури и кога другите деца се постабилни и финансиски независни.

Меган Гилиган од Универзитетот во Ајова смета дека една од најчестите причини за изборот е перцепцијата на мајката за сличностите меѓу нејзе и нејзиното дете.

Научниците во студијата ги оценувале финансиската независност на детето, историјата на работните односи, казнената евиденција и улогата на сопружниците или родителите. Меѓутоа овие фактор се покажале како помалку важни од воочените сличности во уверувањата и вредностите.

Важен фактор бил и полот на детето, имајќи предвид дека мајките сакаат да формираат, поблиски, долгорочни врски со своите ќерки.

– Мајките всушност сметаат дека во периодот кога нема да можат да носат одлуки за сопствениот живот, тоа може да го направи личноста, која мисли исто како нив. Тие обично се прашуваат: „Кој има иста визија за животот како мене? Кој има добро чувство за она што треба да се стори? Тоа е исклучително важно прашање поврзано со негата, е заклочокот на студијата, објавена во списанието „Журнал за бракот и семејството“.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk