Моќен сок за имунитетот и за слабеење

897

Направете го овој прекрасен сок за подобрување на имунитетот. Со неговото консумирање ниту една болест нема да ви може ништо.

Состојки

  • 4 средни моркови,
  • 2,5 см корен од ѓумбир,
  • 2 лимони (излупени),
  • 2 чешниња лук,
  • 1 супена лажица јаболков оцет.

Подготовка

  • Ставете ги состојките во соковиник.
  • Сокот кој ќе го добиете пијте го два дена.
  • Дневно се пие по три пати.
  • Остатокот чувајте го во фрижидер.
  • Не смее да стои подолго од 36 часаљ.

Овој сок успешно ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Морковот ги зајакнува крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилниот антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите и да го подобри варењето. Ѓумбирот го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамините од групата Б, како и со аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, а го подобрува и метаболизмот.

Лимонот е одличен извор на витаминот Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето на колагенот.

Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик па се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок, а познат е и во борбата против канцерот.

Јаболковиот оцет е магичен еликсир богат со минерали и ензими како и витамини. Помага во подобрување на работата на дигестивниот систем, се бори против киселината, го регулира нивото на шеќер во крвта.