Тајно оружје во кое никој не би се посомневал | Како Америка и Русија обучувале животни за воени цели | Видео

1510

Делфините биле обучувани да откриваат подморнички мини, но и да поставуваат експлозивни направи и да носат шпионска опрема. Затоа што кој би се посомневал во делфин, нели?

Британските воени шпиони откриle дека Русија можеби тренира борбени делфини на анектираниот полуостров Крим за да ги бранат пристаништата на Црното Море и да ги праќа да се борат против украинските сили. Сепак, не е првпат во битките да се користат борбени животни како делфини и китови. Особено на руска страна и на украинска територија.

Дури и за време на Студената војна, тогашниот Советски Сојуз имал воен центар за обука на делфини во Севастопол. Делфините биле обучени да откриваат подморнички мини, но и да поставуваат експлозивни направи и да носат шпионска опрема. Затоа што кој би се посомневал во делфин, нели?

По распадот на Советскиот Сојуз, овој воен центар преминал во рацете на Украина и се претворил во забавен парк со делфини. Дури и поранешни воени делфини се користат за лекување на аутистични деца во Украина. Но, тоа не значи дека Русија ги прекинала ваквите активности.

Иако нема официјални информации за развојот на руската програма за борбени животни, се шпекулира дека токму руските делфини биле во Сирија и тоа во поморската база во Тартус.

Интересно, во 2019 година, во Норвешка е откриена питома белуга кит кој е пронајден со лента за камера GoPro и се смета дека е „руски дезертер“ кој едноставно решил да ја смени страната за време на извидничка мисија.

Уште минатата година сателитски снимки на Крим и Севастопол откриле присуство на голем број делфини во водите на тоа пристаниште, што воените експерти го протолкувале како руски обид да се одбрани од украинските поморски специјални сили. Се шпекулирало дека украинските нуркачи може да се обидат да се инфилтрираат во поморската база, во што обучените делфини би ги спречиле.

Долга историја на употреба на обучени борбени животни

Животните се користат во војни и битки уште од античко време. Некои како помош (како коњи и магариња), други како активни учесници во борбата (како кучиња, свињи, камили, па дури и ирваси).

Морските животни како што се белуга китовите, делфините, морските лавови и фоките се обучувани за воени цели со децении. Прво како тајни експерименти и проекти, а со крајот на Студената војна како дел од различни истражувања.

Познато е дека Американците започнале поморска програма со морски цицачи уште во 1960 година, а се сомнева дека слични програми развиваат и Северна Кореја и Израел.

Освен што ги проучувале, Американците тренирале и делфини, белуга китови, морски лавови и други морски цицачи за извршување на различни подводни задачи.

Меѓу најчестите биле испораката на опрема до нуркачи, пронаоѓање и враќање на изгубените предмети и подводен надзор со помош на камери.

Во последно време американската војска е многу отворена за тоа што прави со животните, а споделиле дека нивниот морски лав “Spike” сака да игра видео игри.

Во еден момент американската програма имала повеќе од 100 делфини, бројни морски лавови и китови и буџет од осум милиони долари. Но, во меѓувреме таа програма е намалена, а животните се пензионирани.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.