Депресијата е сериозна ментална болест која треба да се третира!

132

Можете да ги препознаете предупредувачките знаци и да им помогнете на блиските луѓе.

Симптомите на клиничка депресија го зафаќаат целото битие на болниот, цело време и во сите ситуации.

Многумина сѐ уште живеат во уверување дека депресијата е измислена болест, минлива тага, или како поединците на форуми сакаат да ја нарекуваат “модерно преправање” … Но, депресијата е многу сериозна болест и болест за која треба да се дискутира, а не да се турка под тепих.

По самоубиството на Anthony Bourdain, супериорен гастро-патеписец, кој и самиот страдал од депресија, многумина за момент застанале и се прашале: “Како човек кој има сѐ, може да подигне рака на себе?”

Депресијата е болест на целото тело, и неа не ја интересира дали ја имаш најдобра работа на светот, милиони на сметка и сакана личност до себе. Тоа е ментално растројство и треба да се третира, а од неа во светот, според Светската здравствена организација (организација (СЗО), боледува повеќе од 300 милиони луѓе.

И покрај тоа што е позната во сите култури и цивилизации, депресијата секако е важна детерминанта на нашето време и се добива впечаток дека денес зема епидемиски размери. Постои постојан пораст на бројот на пациенти, но се повеќе е забележана и кај помладите луѓе.
Идентификувајте ги сигналите

Знаци на предупредување на тешка депресија и знаци дека едно лице е подготвено да подигне рака на себе, може да се разликува од личност до личност. И додека некои отворени ќе зборуваат за своите мрачни мисли, другите ќе ги задржат во себе.

Но, луѓето таквити работи, велат експертите, можат да ги кријат само до одреден степен.