Како од жртва да станете моќна личност

1075

Терминот жртва често пати може да биде сфатен на погрешен начин. Определено лице е жртва доколку е подложено на определени физички напади и повреди. Овој термин се користи и за личности кои доживуваат емоционална злоупотреба, биле излажани, изиграни и сл.

Ваквиот тип на однесување најчесто произлегува во фамилијарните односи, но го среќаваме и со партнерите, пријателите, колегите и др. Многу пати не сме свесни дека сме дел од релации во кои постојано сме манипулирани и изигрувани од другата страна.

Постои изрека која многу често ја употребуваат психолозите а тоа е дека:

“Нема жртви, има само волонтери” – значејќи дека, кога толерирате определено неприфалтиво однесување вие на некој начин го прифаќате. Навистина е тешко да се прифати фактот дека сте емоционално злоупотребени. Пред да го разберете тоа вие сте во фаза на неприфаќање на вистината, односно заблуда.

Постојат и други начини кои подразбираат изигрување на жртва како што е префрлањето на сопствената несреќа на други околности. Она што најпрвин треба да се направи е токму прифаќање на реалноста и пробување да се сменат работите кои не ви одговараат.

Разбирањето на концепотот на жртва

Согласно светските психолошки организации, луѓето не стануваат жртви свесно и самоиницијативно. Никој не го сака чувството на слабост и немоќ. Постојат определени индиректни сили кои влијаат вие да станете жртва и може да навлезат во фамилијарните, професионалните и љубовните односи.

Стекнување на сила

Да се стекне сила и самодоверба и да се престане да се биде жртва е навистина тешка работа и зависи од самата природа на човекот. Она што треба да се направи е да се почне со зборење за проблемот и да се прават работи кои ќе влијаат во стекнувањето на самодоверба.

Чекори за зголемување на самодовербата и психичка стабилност

  • Учете. Дознавајте што е можно повеќе работи за вашата ситуација бидејќи знаењето е моќ.
  • Остварете подршка. Подршката е есенцијална за ваков тип на проблеми.
  • Набљудувајте ги своите постапки. На овој начин ќе дознете што ве прави да се чувствуате подобро, а што не.
  • Спознајте ги вашите потреби. Секогаш треба да гледате да си ги задоволувате вашите потреби.
  • Превземете одговорност за вашите избори. Превземањето на одговорност подразбира да ги прифаќате вашите избори.
  • Превземете акција. Подобрете ги вашите вештини за да ги постигнете вашите цели.
  • Не обвинувајте ги другите и не бидете дефанзивни. Превземете одговорност за вашата среќа, несреќа како и улогата во проблемите и недостатоците во вашата врска.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.