Еве што да направите кога вашата пријателка има рак на града

265

Имајќи во предвид дека ракот на дојките е честа појава, сите си го поставуваме прашањето како треба да реагираме доколку наш близок човек се соочува со таа болест.

Согласно книгата “How to Be a Friend to a Friend Who’s Sick” чиј што автор Лети Коти Гобредин пишува за својата борба со ракот, наведува една значајна работа, а тоа е дека не можеме секогаш интуитивно да се покажеме како добри приајтели.

Сите ние знаеме да бидеме добри пријатели во убави моменти и дружби, но кога нашиот пријател се наоѓа во тешка состојба или период, треба да бидеме подготвени да пронајдеме нови начини за дружење, нови зборови за утеха и сл.

Сепак постојат општо прифатени совети, кои се секогаш од значење за спротивната страна која поминува низ тешка животна фаза.

Општо прифатени совети

Не исчезнувајте

Звучи обично, а сепак е едно од најзначајните работи што секогаш треба да ги имате на ум. Една од најдобрите нешта што можете да направите за личност која проаѓа низ определен здравствен третман, е да останете во контакт. Комуницирајте почесто, прашувајте ја како е, како се чувствува, приредувајте и активности со кои на момент ќе заборави низ што проаѓа.

Никогаш не кажувајте, “Барем ќе си приуштите пристојни гради”

Како и исте останати реченици кои се поврзани со операција на градите. Првенсвено е невкусно, особено кога е упатено на жена која што штотуку изгубила еден од симболите на женската убавина, се со цел да си го спаси животот.

Бидете внимателни, не поставувајте прашања и не барајте одговор што го предизвикал ракот на градите

Една од работите на која сите пациенти се жалат е наметливиот став на луѓето во однос на тоа која медицинска постапка, или пак кој лекар треба да го одберат. Друга работа која што жена болна од рак не треба да биде прашана е токму прашањето за тоа како настанал ракот на нејзините гради. Бидете смирени и едноставно разговарајте на неповрзани теми, можеби таа жена нема потреба да ја слуша истата тема цело време.

Никогаш немојте да изговорите дека ваша роднина починала од рак на дојките

Избегнувајте секојдневни клише фрази

Престанете со соопштивање на работи кои сите сме ги слушнале барем еднаш во животот за различни работи, како што е “Се сé случува со причина”, “Можеше да биде и полошо”, “Нема да умреш” и др. Овие работи се последните кои што личноста болна од рак би сакала да ги слушне.

Сослушувајте ги секогаш кога имаат потреба

Некогаш е доволно да бидете тука за нив, да ги сослушате што имаат да кажат, без да ги судите, делите ставови, мислења и совети. Бидете за нив, секогаш кога ќе имаат потреба од разговор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.