Дали видео игрите ги прават луѓето насилни?

77

Повеќе од 200 академици потпишаа отворено писмо со кое ги критикуваат новото контроверзно истражување со кое се навестува врската помеѓу насилните видео игри и агресијата.

Ова откритие беше објавено од Американската асоцијацја на психолози (Апа). Тие составија работна група која истражила стотици студии и трудови објавени помеѓу 2005 и 2013 година.

Американската асоцијација на психолози заклучува дека иако не постои „ниту еден ризичен фактор“ виновен за агресијата, насилните видео игри сепак придонесуваат за тоа. „Истражувањето демонстрира постојана врска помеѓу користењето насилни видео игри и пораст во агресивното однесување, препознавањето на агресијата и агресивните ефекти, и пад во просоцијалното однесување, емпатијата и чувствителноста кон агерсијата“, стои во извештајот.

– Станува збор за збир од ризични фактори кои тежнеат да водат кон агресивно или насилно однесување. Истражувањата кои ги прегледавме покажуваат дека користењето насилни видео игри е еден од тие фактори.

Сепак, голема група академици велат дека се сомневаат дека методологијата користена во истражувањето е длабоко погрешна затоа што значаен дел од материјалите вклучени во студијата не биле предмет на преглед од специјалисти.

– Целосно се согласувам дека изложеноста на повторуваното насилство има краткорочни ефекти – глупаво е тоа да се негира – за но долгорочни последици на криминал и насилно однесување, едноставмо нема докази кое би ги поврзало видео игрите со тоа, рече за Би-Би-Си д-р Марк Кулсон, вонреден професор по психологија на Универзитетот Мидлсекс, и еден од потписниците на писмото. „Ако ја играте три часа играта Кол оф дјути, може ќе се почувствувате малку набилдан, но нема да излезете на улица и да убиете некого“.

Прашањето за тоа дали насилните видео игри инспирираат насилно однесување „во реалниот живот“ е предмет кој предизвикува силна поделеност во ставовите.

Зошто е ова толку конроверзно?

Играњето насилни видео игри често се наведува како фактор во мотивирањето за шокантниот насилен младешки криминал, како што беа големите пукања во едно средно училиште во САД. Еден од учениците кои учествуваше во масакрот во средното училиште во Колумбајн во 1999 година, користел пиштол наречен Арлин – наводно според лик од роман инспириран од компјутерската игра Дум. Сепак, повеќето луѓе кои играат сликовити насилни игри (како што се Кол оф дјути, Хитмен, Мортал комбат) не наклонуваат кон насилство – а повеќето видео игри не се насилни, вели д-р Ричард Вилсон од трговската ассоцијација Тига.

– Не би го негирал извештајот на Апа, но важно е да се гледа и пошироко од насловот, вели тој. „Исто така постојат игри за возрасни, има исто и филмови за возрасни, книги, телевизиски емисии… а содржината треба да биде, и е, регулизрана за да им се овзоможи на деца и малолетни да не си играат со несоодветен материјал“.

Дали овој труд докажува дека играњето насилни видео игри може да резултира со насилен криминал?

Од работната група велат дека се потребни повеќе истражувања за да се заклучи дали насилните видео игри водат до насилно криминално однесување. Сепак, групата од 230 академици од универзитетите низ целиот свет во своето отворено писмо до Апа напишаа дека младешкото насилтсво во САД и низ светот е во моментов „на најниско ниво во последниве 40 години“.

– Падот во социјалното насилство е во конфликт со тврдењата дека насилните видео игри и интерактивните медиуми се важна грижа за јавното здравје, напишаа тие. „Статистичките податоци едноставно не ја изнесуваат оваа загриженост и не треба да бидат игнорорани“.

Една студија која минатата година беше објавена од Оксфорд интерент инститјут истакнува дека фрустрацијата за да не може да се играат видео игри има повеќе шанси да изнесе на виделина агресивно однесување, повеќе и од самата содржина на играта.

– Се фокусиравме на мотивите на луѓето кои играат електронски игри и активните играчи имаат психолошка потреба да се воздигнат додека играат, рече еднаш д-р Ендрју Пржибилски. „Ако играчите се почуствуваат закочени од контролите или дизајнот на игрите, тие може да завршат со чувство на агресивност. Оваа потреба да се владее со играта е далеку позначајна отколку дали самата игра содржи насилен материјал“.

Но зарем рангирањето не постои за да се заштитат младите играчи?

Во Европа на игрите им се доделува рангирањата според возраста во корелација со Паневропскиот информациски систем за игри (Пеги). Постојат пет рангирања – три, седум, 12, 16 и 18.

Проблемот е што насилството тешко може да се рангира. Пеги 18 се доделува кога содржината може да има сцени на „масовно насилство“, стои на веб страната на системот.

– Најтешко е да се дефинира масовното насилство и може да биде субјективно во многу случаи, но во општи смисла тоа може да се класифицира како опис на насилство кое кај гледачот може да создаде чуство на ревулзија.

Апа повикува на дополнителни контроли во самата игра како додаток на сегашните рангирања.

– Ова е цензура од поинаков вид, вели д-р Кулсон. „Она што ме загрижува е што било кое меко цензурирање ќе биде веднаш субверзирано. Луѓетпо кои ги играат овие игри се покомпетентни од луѓето кои делуваат како чувари. Ова е еден вид истакнување на решение за проблем. за кој мислам дека и не постои“.

Како било спроведено истражувањето на Апа?

Работната група на Апа користела мета-анализи – комбинирајќи ги резултатите од многу студии со цел да се согледаат шаблоните и врските, наместо самата да спроведе ново истражување. Тие спровеле обемно прегледување на академски трудви на оваа тема, од кои некои датираат од 2005 година.

– Иако постојат варијации помеѓу одделни студии, силна и постојана општа матрица произлегува од многуте години истражувања кои ни обезбедуваат доверба за нашиот општ заклучок, вели шефот на работната група, Марк Апелбаум.

Но овој пристап беше критикуван од група експерти кои велат дека овие корелации понекогаш имаат друго објаснување. На пример, момчињата имаат повеќе шанси да играат видео игри од девојчињата, но исто така имаат повеќе шанси општо земено да бидат агресивни.

Д-р Кулсон исто предупредува во врска со трудовите кои биле користени во истражувањето и кои можеби не бил предмет на специјалистички прегледи, па затоа е критикувано од пошироката академска заедница.

– Очигледно има многу нешта кои не стигнале до специјалистички преглед, рече тој. „Ако ја погледнете сета литература од оваа област, тогаш со сигурност ќе дојдете до сензационален заклучок“.