10 најбезбедни земји за живеење доколку се случи Трета светска војна

292

Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, Европејците се плашат од избувнување на поширок конфликт што може да го вовлече целиот свет во војна.

Последната голема ескалација со лансирање на руска балистичка ракета која никогаш претходно не била користена во историјата на војувањето, е само масло на оган на паранојата за избувнувањето на Третата светска војна.

Сепак, и во тоа сценарио, постојат крајно неутрални земји кои би можеле да бидат поштедени. Нивната географска оддалеченост и богатите ресурси ги прават идеални за надминување на глобалните конфликти.

Times of India“ објави листа на земји кои се сметаат за најбезбедни во случај на голема војна.

Многумина ќе изненади тоа што на списокот има и некои европски земји кои се популарна дестинација за Македонците кои ја напуштиле својата татковина во потрага по подобар живот.

Антарктик

Иако не е земја, на Антарктикот му е загарантирано место на сите списоци од овој тип поради неговата екстремна изолација. Овој континент е познат по своите ледени терени и не е баш место кое би го нарекле дом, но има и такви кои оставиле се за да го продолжат животот токму на тоа место.

Антарктикот нема население во вистинска смисла на зборот. Во осумдесетте научно-истражувачки станици во лето живеат околу 4.000 луѓе, а во зима околу 1.000. Таа бројка е многу променлива. Најголемата таква станица е McMurdo, каде што повеќе од 240 луѓе живееле среде зимата на Антарктикот во 2005 година.

Во станиците, научниците се занимаваат со цела низа научни области. Од астрофизика, биологија, геологија, глациологија, климатологија и метеорологија до океанографија.

Фиџи

Фиџи, официјално Република Фиџи, е островска земја во Океанија, сместена во јужниот дел на Пацификот, на околу 2000 километри од Северниот остров на Нов Зеланд.

Изолираната земја одржува мирна надворешна политика. Населението живее скромно, а зелените шуми, минералните извори и богатите риболовни терени го прават Фиџи привлечно засолниште среде глобалната неизвесност.

Продолжува на страна 2