Полова болест можете да добиете и без сексуален однос

1762

Иако доминантен облик на ширење на полово-преносливите болести е по сексуален пат, нив можете да ги добиете и на овие пет начини, кои воопшто не ги вклучуваат половите односи.

Повеќето полово преносливи болести немаат изразени и јасни симптоми. Но освен со секс, можно е да се заразите со полова болест, а воопшто да не сте биле полово активни, пишува Мирор.

Она што загрижува е што станува збор за предмети и места за широка употреба:

Балзам за уста

Постојат два вида херпеси-орален и генитален, а двата вида се пренесуваат со директен контакт. Ако позајмите балзам за усни од некој кој има орален херпес, и вие можете да го добиете. Исто така ако некој ставил балзам веднаш по орален секс и на тој начин можете да го пренесете вирусот на генитален херпес. Од друга страна , вирусите не можат долго да преживеат на ваквите предмети. Сепак, најдобро е да се има сопствен балзам и да не го делите или позајмувате од други.Од оваа причина не се препорачува да се тестираат кармините или балзамите директно на устата во парфимериите туку на раката.

Брада

Моментално полните и убаво средени бради се многу популарни. Но тие имаат голем потенцијал да станат плодна почва за развој и множење на габички, предизвикувајќи габични инфекции и херпес.На брадата може да се пронајдат и срамни вошки. Многу густата брада исто така може да ги сокрие симптомите на проблем со кожата, па затоа е важно да се одржува хигиена на брадата-редовно да се мие, чешла и средува, пишува Мирор.

Продолжува на страна 2