Направете домашно средство за дезинфекција со етерични масла

172

Во свет полн со бактерии и нечистотија важно е да се задржат рацете чисти. Но, не секогаш имаме пристап до топла вода и сапун. Затоа геловите за дезинфекција на раце се добар избор во овие случаи.

Купечките средства за дезинфекција на раце сепак често имаат силен мирис, поради состојките и агресивните алкохоли во нив. Овие формули обично не се особено штетни за кожата на рацете, но можат да предизвикаат сериозни иритации, најчесто кај деца и луѓе со чувствителна кожа.

Затоа можете да си направите суперефективен, пријатен и корисен домашен дезинфекција за раце со етерични масла. Тие имаат антибактериски, антивирусни и антифунгални својства.

Потребно

  • 9-10 капки етерично масло од лаванда
  • 20 капки масло од чајно дрво
  • 1 лажица водка
  • 200 гр гел од алое вера
  • ¼ лажичка витамин Е (од ампула)

Подготовка

Во мал стаклен сад со цврсто капаче истурете ги етеричните масла. Протресете добро, за да се измешаат. Кон нив додајте ја и вотката и протресете повторно. Потоа оваа смеса се меша заедно со гелот од алое во друг, поголем сад. Конечно додадете и витамин Е и промешајте / протресете за последен пат.

Истурете ја смесата во соодветен сад со дозер, кој се затвора цврсто, за да не испари алкохолот во средството за дезинфекција. Искористете по малку од смесата секој пат кога имате потреба од миење на рацете, а немате сапун и вода во близина.

Важно!

Не претерувајте со етеричните масла и имајте на ум дека тие се исклучително концентрирани и моќни. Пред да користите сличен домашен гел за дезинфекција тестирајте ја вашата кожа за алергии со сосема мали количини од етеричните масла.

Не ја дозволувајте прекумерната употреба, како и надминувањето на препорачаните дози етерични масла во домашна дезинфекција. Ако по употреба имате некоја кожна реакција, веднаш исплакнете ги со вода и консултирајте се со лекар.