Сончевите блесоци се појавуваат одвреме-навреме кога се поврзуваат моќните магнетни полиња внатре и околу Сонцето.
Со рекордната топлина која зафати добар дел од светот, се чини дека Сонцето ни се заканува со нешто друго.
Имено, откако во неделата забележале три сончеви блесоци на површината на Сонцето, руските научници испратиле предупредување. Како што истакнуваат, поради силната сончева активност би можело да има потешкотии во комуникација со кратките бранови.
Според соопштението за печатот од Федоров, Институт за применета геофизика во Москва, нè чекаат блесоци од класа X, вклучително и протонски блесоци.
THE SUN SHIFTING INTO THIRD GEAR:
The Sun is really kicking it into a higher gear now with several significant eruptions in the last 48 hours, including two full halo CMEs seen just today which are likely far-sided. These are followed by another wide eruption to the southwest… pic.twitter.com/y3wXEWV2dm— Space Weather Watch (@spacewxwatch) July 16, 2023
Блесоците од класа X се најголемите експлозии во Сончевиот систем и можат да создадат долготрајни радијациони бури. Од друга страна, протонските блесоци се бура од честички од сончевата енергија, главно составени од, како што сугерира нивното име, протони.
Сончевите блесоци се појавуваат одвреме-навреме кога се поврзуваат моќните магнетни полиња внатре и околу Сонцето. Ваквите изливи на енергија можат да влијаат на магнетното поле на Земјата, но и да ги оштетат сателитите и комуникациската опрема.
A filament eruption associated with Region 3370 occurred late on 14 Jul. An M2 flare occurred from Region 3363 on 15 Jul with an associated CME. Modeling indicated an arrival on 18 Jul, however there is some uncertainty in the analysis that may see an earlier arrival on the 17th. pic.twitter.com/jqBjABAGfN
— NOAA Space Weather (@NWSSWPC) July 16, 2023
На пример, во 2022 година, голема геомагнетна бура предизвикана од експлозија на површината на Сонцето оневозможи 40 ново лансирани сателити на SpaceX.
Според проценките на научниците, на крајот на денот се очекува магнетниот бран предизвикан од овие сончеви блесоци да стигне до Земјата.
Очекуваат само благи геомагнетни бури, со можност за изолирано умерено невреме во текот на вторникот, но освен повремени потешкотии во комуникациите во овие изложени делови, на Земјата не би требало да има некои поголеми потешкотии.
Научниците штотуку истакнаа дека во текот на ноќта може да се очекува појава на „поларната светлина“ и нешто појужно од вообичаеното.



















