Дали од оваа зима ќе има недостаток од антибиотици ?

825

Антибиотиците кои се користат за лекување на респираторни инфекции се приоритет, се вели во соопштението.

Европската унија мора да го зголеми производството на клучни антибиотици пред зимата и да ги троши поразумно за да спречи недостаток, предупреди Европската комисија.

Доколку побарувачката оваа зима е слична на просекот од претходните години, податоците сугерираат дека набавката на орални формулации на клучните антибиотици за респираторни инфекции ќе ја покрие потрошувачката, објави во понеделник Комисијата.

Заклучокот се заснова на податоците за набавката и потрошувачката на амоксицилин, амоксицилин/клавуланска киселина, пеницилин V, азитромицин, кларитромицин, цефтриаксон, цефотаксим и пиперацилин-тазобактам.

Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за подготвеност и одговор при здравствена криза (HERA) истовремено ќе продолжат да соработуваат со надлежните органи за зајакнување на мерките за зголемување на понудата на група интравенски антибиотици, се додава.

Од клучно значење е да преземеме итни активности за да се подготвиме за зимата и да го спречиме потенцијалниот недостаток на антибиотски лекови, изјави еврокомесарката за здравство Stella Kyriakides.

Навремените подготовки пред почетокот на есента ќе им обезбедат доволно време на фармацевтските компании да ги зголемат капацитетите и да одговорат на побарувачката, посочуваат од Комисијата.

Антибиотиците кои се користат за лекување на респираторни инфекции се приоритет, се вели во соопштението.

Покрај поголемо производство и повнимателна потрошувачка, Комисијата им сугерира на членовите и во соработка со компаниите да ја следат побарувачката и залихите на клучните антибиотици.

The EU's Chance to Tackle Superbugs and Shortages - Brunswick Review

Се подготвува и листа на клучни лекови чија прва верзија треба да биде објавена до крајот на годинава.

Европската агенција за лекови ќе ја следи, врз основа на проширени овластувања, достапноста на лекови во наредните месеци со цел навремено да открие недостиг што може да прерасне во криза за снабдување, а ЕК ќе може да организира заеднички набавки за сите 27 членки доколку е потребно.