ДВОРСКИ ШУТОВИ – Татјана Алексиќ

372

Божествено и едно од најпреведуваните дела од светската литература, “Божествена комедија” на Данте Алигиери, пишувана на самиот почеток на 14 век (почнал да ја пишува во март 1300 година), сѐ уште фасцинира со визионерството на еден политички прогонуван гениј.

Неговата родна Фиренца, растргната од две политички партии (Гибелини и Гвелфи ) го прогонува Данте како политички неподобен. Данте се засолнува на дворот на Де ла Скала кој уживал да се забавува опкружен со дворски шутови, квази уметници и будали. Весел и насмеан, ќе го праша Данте зарем не е чудно дека будалите со своите лакрдии се позабавни од еден генијален писател ?

На тоа божествениот хуманист цинично ќе одговори: „Не, тоа не е чудно. Ваше височество, треба да се сетите на поговорката “со кого си –таков си”,” кога е тука забавувачот, мора да биде и оној кој ужива во неговата забава!

Суштински промени од средниот век нема ни во овој, историјата ја повторува својата лакрдија!

“Во многу погледи, дваесет и првиот век не е толку различен од тринаесеттиот век. И двата ќе бидат забележани во историјата како времиња на религиозни судири, културни недоразбирања и општо чувство на несигурност и страв од другиот. Во вакви времиња потребата од љубов е поголема од кога и да е,” – Елиф Шафак.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.