НАСА тврди дека во нашата галаксија има најмалку 300 милиони планети за живеење | Видео

1216

Нашата галаксија може да изобилува со живот и потенцијално има најмалку 300 милиони планети населени со луѓе во Млечниот пат, тврди НАСА.

Вселенскиот телескоп Кеплер помина девет години во потрага по планети за живеење и успешно лоцираше илјадници егзопланети во нашата галаксија, пред да остане без гориво во 2018 година.

Сепак, останува прашањето – колку од овие планети се погодни за живеење, пренесува CNN.

Астрофизичарите со години собираат податоци од Кеплер и веруваат дека го нашле одговорот, а според истражувањето објавено во „Астрономски весник“, на Млечниот пат има околу 300 милиони потенцијално населени планети, што значи дека тие се цврсти планети со вода.

Тоа може да биде само груба проценка и не е невозможно да има многу повеќе од 300 милиони планети за живеење, објави НАСА во последниот билтен.

Некои од планетите на кои може да се живее оддалечени се околу 20 светлосни години.

Кеплер веќе ни покажа дека има милијарди планети во нашата галаксија и сега знаеме дека добар дел од тие планети може да бидат карпести и погодни за живеење, изјави истражувачот на НАСА, Стив Брајсон.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Бонус видео: