За добро водење љубов потребна е само една вештина

1559

Сепак се чини дека голем дел од она што го знаеме за сексот е погрешно. Експертите велат дека само едно гарантира вистинско сексуално задоволство – целосна посветеност!

Главните елементи на целосната посветеност на партнерот се фокусот за време на сексуалниот однос, чувството на длабока еротска интимност, добрата комуникација, искреноста и желбата за задоволување.

Неодамнешно истражување покажа дека многу луѓе не обрнуваат премногу внимание на самиот оргазам затоа што сексот може да биде лош и со него. Повеќе внимание се посветува на т.н. оптимална сексуалност и идејата дека сексот може да биде неисцрпен извор на задоволство без оргазам.

Повеќето од анкетираните парови ја наведоа тоталната посветеност како најважен елемент на сексуалното искуство бидејќи нагласува заемно почитување, прифаќање и нежност.

Изгледот и техниката на телото се на самото дно на листата приоритети во сексот, бидејќи добрите партнери доаѓаат во сите форми и големини, а вештините доаѓаат со искуството.