Еве зошто е добро маслото од коноп

72

Тоа заштитува од згрутчување на крвта и рак на дебелото црево, а неговото време допрва доаѓа.

Исто така, токоферолите од маслото коноп покажуваат антиоксидативен ефект, ја зголемуваат флуидноста на клеточната мембрана и обезбедуваат ефикасна заштита од заболувањата на крвотокот.

Маслото од семето на конопот е ценето поради неговите хранливи карактеристики, но и поради фармаколошките придобивки кои придонесуваат за корисен ефект врз здравјето. Ова масло содржи есенцијални масни киселини. Од омега-6 масни киселини се екстрахира линолната, а од омега-3 алфа-линоленската киселина.

Влијание врз здравјето

Алфа-линоленските (омега-3) киселини во маслото од коноп ги има 12 до 23 проценти, а нејзината важност во исхраната се манифестира со заштитно делување против ракот и прекумерно згрутчување на крвта. Оваа масна киселина покажува антивоспалително дејство и е од голема корист за луѓето кои страдаат од артритис. Исто така, придонесува за намалување на високиот крвен притисок и зголемените нивоа на холестерол, маснотиите и гликозата во крвта.

Сѐто тоа го нормализира метаболизмот на јаглехидрати и мастите во организмот, што позитивно влијае на флуидноста на клеточните мембрани. Исто така, алфа-линоленската киселина во организмот се претвора во еикосапентанонска (EPA) и докосахексаенска киселина (DHA), чии метаболити, еикосаноиди, го зајакнуваат имунолошкиот систем и го намалуваат ризикот од прекумерно згрутчување на крвта и воспалителни реакции.

(Количината на омега-3 масни киселини во исхраната на современиот човек последната деценија значително е намалена и со тоа се корисни нејзините природни извори, како што е маслото од коноп. Тука е и ценетата гама-линоленска киселина и активните терпеноидни компоненти кои придонесуваат за неговите антиоксидантни, анти-воспалителни и анти-алергиски ефекти.)

Токоферолите на маслото од коноп покажуваат антиоксидански ефект, ја зголемуваат флуидноста на клеточната мембрана и обезбедуваат ефективна заштита од кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево.

Продолжува на страна 2