Луѓе кои страдаат од нарушувања на срцевиот ритам, познат како атријална фибрилација, може да имаат зголемен ризик од развој на деменција, но се чини дека земањето антикоагуланси го намалуваат тој ризик, објавиле шведските истражувачи.
Научниот тим открил дека атријалната фибрилација вкупно го зголемува ризикот од деменција за 40 проценти, а ризикот за васкуларна и мешана деменција за речиси 90 проценти. Сепак, луѓето со атријална фибрилација кои земале против згрутчување имале 60 проценти помалку шанси за развој на деменција, според еден труд објавен во списанието Neurology.
Поголем ризик од деменција
“Откривме дека луѓето со атријална фибрилација може да доживеат побрз пад на когнитивните функции, како што се размислувањето и меморијата, и да имаат поголем ризик од деменција од оние без атријална фибрилација”, вели водечкиот истражувач Mozhu Ding од шведскиот Институт Каролинска во Стокхолм.
“Забележавме дека постарите пациенти со атријална фибрилација кои земаат средства против згрутчување на крвта, кои спречуваат создавање на грутки крв во срцето кои би можеле да отпатуваат до мозокот, имаат помала веројатност да развијат деменција од оние кои не земале антикоагуланси”, вели Динг.
Во атријалната фибрилација, електричните сигнали во срцевиот мускул се пореметени, и предизвикуваат треперење на срцето наместо тоа нормално да контрахира. Како резултат на тоа, крвта не протекува правилно низ срцето, што може да доведе до формирање грутки од крв, кои потоа патуваат до мозокот и предизвикуваат мозочен удар.
Многу пациенти со атријална фибрилација добиваат антикоагуланси кои го продолжуваат времето кое е потребно за создавање грутки крв.
Истражување
Со цел да се испита корелацијата помеѓу атријалната фибрилација и ризикот за деменција, научниот тим надгледувал 2685 шведски испитаници шест години. Просечната возраст на субјектите на почетокот на студијата била 73, и никој не страдал од деменција, но девет проценти страдале од атријална фибрилација.
Учесниците на студијата кои биле на возраст од 78 на почетокот на студијата биле прегледани по шест години, а оние постарите од 78 биле прегледани на секои три години. Во текот на истражувањето атријалната фибрилација се развила кај 279 лица, а до крајот на студијата, деменција се појавила кај 300 испитаници.
Од 2163 испитаници без атријална фибрилација, кај 10 проценти од нив се појавила деменција. Од 522 испитаници со атријална фибрилација, кај 23 проценти се појавила деменција.
Послаб доток на крвта и мозокот
Истражувачите, исто така, откриле дека земањето антикоагуланси кај луѓето со атријална фибрилација го намалиле ризикот од деменција во споредба со оние со атријална фибрилација, кои не биле под терапија против згрутчување на крвта.
Додека 22 проценти од пациентите со атријална фибрилација, кои не биле под терапија на антикоагуланси, развиле деменција, во групата на оние со атријална фибрилација кои земале антикоагуланти, кај 11 проценти од нив се развила деменција.
Ding објаснува дека луѓето со атријална фибрилација може да претрпат големи или мини мозочни удари кои на крајот го зголемуваат ризикот од деменција, додавајќи дека, исто така, е можно атријалната фибрилација да го намалува протокот на крвта во мозокот и резултира со исхемија на мозокот, кои за возврат го забрзале когнитивниот пад и предизвикива појава на деменција.