Знаци кои укажуваат на недостаток на јаглехидрати

1511

Веројатно секој од нас го слушнал тврдењето дека безбедното вежбање во комбинација со диета со ниска содржина на јаглехидрати, е тајната на слабото тело.

Во стремежот кон витка фигура многу луѓе прибегнуваат и кон протеинска диета со која целосно ги избегнуваат јаглехидратите и консумираат само протеини и здрави масти.

Премногу ниското ниво на јаглехидрати сепак крие ризик од некои несакани ефекти. Значи, ако некој од овие предупредувачки симптоми трае повеќе од две недели, најверојатно е време да го зголемиме внесот на јаглехидрати.

Многу често ни е студено

Јаглехидратите придонесуваат за формирање на антитела и ограничената потрошувачка значи дека во организмот тие се недоволни.

Ако јадеме помалку под 100 грама јаглехидрати на ден, има ризик да се разболуваме почесто. Јаглехидратите кои не се рафинирани, какви што се слатките компири, можат да нè заштитат.

Чувство на замор дури и по благ тренинг

Ако се чувствуваме уморни, дури и откако сме кревале полесни тегови, има веројатност да не добиваме доволно “гориво”.

Околу еден час пред да ја посетиме салата, треба да се увериме дека јадеме банана или јаболко, за да се набави енергија.

Страдаме од главоболки, после теретана

Кога горат мастите за енергија, во организмот се создаваат молекули наречени “кетони”. Потоа тие нè напуштаат преку урината, заедно со натриумот, што доведува до дехидратација и нервоза.

Значи треба да се увериме дека добиваме доволно јаглехидрати и конзумираме многу вода во текот на целиот ден. Не смееме да заборавиме дека имаме потреба од 150 грама јаглехидрати секој ден.