Може ли според обликот на лицето да се „прочита“ интелигенцијата на луѓето?
Тим од чешки научници, под водство на Карел Клеиснер од Природонаучниот факултет во Прага смета дека тоа е можно, но само кај мажите.
Интелигенцијата е од клучно значење за нашиот опстанок. Ако пред умен човек не бидеме внимателни, може многу лесно да не измами. Исто така, за жените, интелигенцијата на мажите е важен водич за признавање на нивниот квалитет, се вели во студијата.
Во неа учествувале 80 студенти (40 мажи и 40 жени) чии лица биле фотографирани со неутрален израз, без употреба на накит и козметика. Сите биле подложени на тест на интелигенција со кој меѓудругото се мери коефициентот (IQ).
Потоа, фотографиите им биле покажани на 160 волонтери кои ја оценувале интелигенцијата и атрактивноста на лицето.
– Нашите оценувачи, мажите и жените го проценија нивото на интелигенцијата со најголема веројатност од фотографиите на мажите, но не и од фотографиите на жените, пишуваат авторите на студијата. На машките лица главно можело да се „прочитаат“ два аспекти на интелигенција: т.н. флуидна интелигенција, односно способноста за решавање на логички проблеми независно од стекнатото образование и фигуралната интелигенција која го користи умот при работа со слики и форми.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















