Добриот успех во училиште зависи од мотивацијата

2015

Некои деца имат добар успех во училиште, брзо учат и лесно помнат информации, додека има и деца кои учењето баш и не им оди така лесно, имаат проблеми со концентрацијата и меморијата и имаат лоши оценки, иако можеби се еднакво паметни (ако не и попаметни) од нивните врсници со подобри оценки.

Истражувањата покажаа дека на училишниот успех нема толку влијание интелигенцијата колку пристапот до учење. И тоа е она што е заедничко на одличните ученици.

Тие имаат правилен пристап: мотивирани се, сконцентрирани, опуштени, игнорираат се што би можело да им пречи во процесот на учењето и ако им е потребна помош во пишување домашни задачи или учење, знаат како да ја побараат.

Сепак, ни една од тие особини не е вродена. Сите тие се стекнати и можат да се научат, а во тоа најмногу на детето му помага родителот.

На пример, за да се поврзе новото градиво со податоците кои веќе се познати од порано, треба да се научат да бараат сличност и заеднички точки.