Како што постојат многу компатибилни знаци, кои развиваат совршени и складни односи, хороскопот исто така може да ни открие кој е нашиот најголем непријател.
Во продолжение ви откриваме кои хороскопски знаци честопати се најголеми противници:
ОВЕН
Најголем непријател: Рак
Бидејќи станува збор за огнен знак, Овенот не се снаоѓа добро со водниот знак Рак. На Овенот му е потребна независност, поради што луѓето родени во овој знак можат да започнат да го гушат. Од друга страна, Овенот може да ги повреди нежните чувства на Ракот.
БИК
Најголем непријател: Овен
Понекогаш сличностите се привлекуваат, но има и случаи кога два слични карактера можат да се одбијат едни со други, како што е односот меѓу Бик и Овен. Бидејќи и двата хороскопски знака се познати по тврдоглавоста, тие двајца не можат да одржат складни пријателски и љубовни односи. Овенот никогаш нема да ги признае своите грешки, а Бикот секогаш ќе го потсетува на неговите недостатоци или неуспеси. Овие два знака гарантирано секогаш ќе имаат конфликти.
БЛИЗНАЦИ
Најголем непријател: Девица
Меркур е владејачка планета на хороскопските знаци Близнаци и Девица, што значи дека тоа влијае на нивното поле на комуникација. Близнаци уживаат во слободата и спонтаноста, додека Девицата сака рутина и копнее по совршенство. Поради различните карактери, честопати доаѓаат до конфликт – Близнаците тогаш ќе се чувствуваат потценето, како да се деца, а Девицата ќе мора да ја преземе улогата на родител. Двата знака не сакаат да ги споделат своите чувства, а кавгите меѓу нив се неизбежни.
Продолжува на страана 2



















