РАК
Најголем непријател: Стрелец
Раковите се нежни и лојални, поради што Стрелците можат лесно да ги повредат нивните чувства. Двата знака ќе се обидат да се променат едни со други, но никогаш нема да најдат компромис. Овој проблем во комуникацијата може да се претвори во омраза, обично на Ракот кон Стрелецот.
ЛАВ
Најголем непријател: Риби
Лав е знак кој е многу горд, бара внимание и бара само-потврда од други луѓе. Рибите, од друга страна, се многу нежни и избегнуваат секаков вид внимание. Затоа, овие два сосема различни карактери не можат да остварат добри односи, пред се затоа што постои ризик дека Лавот многу лесно ќе ја повреди личноста родена во нежниот знак Риби. Дополнително, Лавот не ги поднесува пасивноста и имагинацијата на Рибите, поради што може да се роди непријателство меѓу нив.
ДЕВИЦА
Најголем непријател: Водолија
Девиците се интелигентни и аналитични, тие секогаш се водат со главата, па дури потоа со срце, поради што ги доживуваат Водолиите како неодговорни и честопати како личности кои не газат по земја. Од друга страна, Водолијата не толерира калкулирање, што е изразено кај Девиците, па ако тие поминуваат премногу време заедно, обично нивниот однос завршува така што Девицата почнува да ја презира Водолијата.
Продолжува на страана 3



















