Едно нешто ќе ви кажат сите оние кои се во брак – бракот е тежок! На прв поглед, сè е совршено, но по оние неколку “розови” месеци, секој брак неизбежно се соочува со проблеми.
Еве што мажените жени откриле како најголеми проблеми во своите бракови.
На прво место, проблемот е врзан со домашниот буџет. Речиси сопружниците во врска со тоа и да не можат да зборуваат, а да не се повиши тонот.
Иако звучи како клише, но многу од испитаничките се пожалиле и на нередот кои нивните сопрузи ги оставаат секаде наоколу.
На жените и мајките им пречи што нивниот партнер недоволно се грижи за училишните активности на децата. А тука е и неизбежната свекрва. Жените често се жалат дека во бракот се тројца таа, тој и неговата мајка.
Проблемите се јавуваат и поради нереалните очекувања кои брачните партнери имаат еден кон друг. Дури и најмалата работа може да се претвори во конфликт, на пример, тоа што тој ги мие садовите на поинаков начин од неа.
Често двојките не се согласуваат околу тоа дали ќе поработат на уште едно дете. Таа би сакала, тој не, или обратно.
Некои премалку, некои премногу
По некое време на многу сопруги им се чини дека не се компатибилни со своите партнери кога станува збор за секс. До дополнителните несогласувања доаѓа и поради тоа што брачните другари можат да одвојат многу малку време за себе, особено откако ќе пристигнат децата . Но некои од нив префрлуваат дека премногу време поминуваат со сопругот, така што се чувствуваат како да немаат време само за себе и дека тоа ги дави.
И домашната работа е камен за сопнување. Жените често се жалат дека нивните партнери не им помагаат доволно, како садовите со некое чудо се мијат сами од себе.
Комуникација и кариера
Многу жени се пожалија на немањето комуникација во смисла дека посилната половина не им зборува она што тие го чувствуваат и мислат, па затоа имаат чувство како да му зборуваат ѕидот. Партнерите обвинуваат дека се опседнати со спорт. Во многу бракови, сериозен проблем е гласното рчење на„главата на семејството“.
Кариерата и бизнисот, исто така, можат да внесат конфузија во брачните води. Всушност, многу жени ги критикуваат нивните сопрузи дека не ги ценат доволно нивните деловни потфати.
На нив влијае што нивните сопрузи на социјалните мрежи се пријатели со своите поранешни љубови, додека со време сексот од нивниот однос избледел, така што тие се чувствуваат како да живеат со цимер, а не со партнерот.
huffingtonpost.com



















