Најчестите грешки на жените во креветот

491

Жените понекогаш прават нешто погрешно, толку погрешно што мажот може да го загуби интересот за секс.

Жените се родени заводнички, а на мажите само сексот им е во умот, велат урбаните митови, кои биле кој знае колку пати негирани. Но, жените се свесни за своите недостатоци, а имаат и поголема желба за напредок, па често експериментираат со мали промени во рутината.

Така често може да се случи да им падне на ум некоја новина во кревет, обидувајќи се да го зачинат својот љубовен живот. Сепак, лесно може да се случи таквите експерименти да тргнат наопаку и да ја убијат сексуалната желба кај партнерот.

На пример, тестисите се многу чувствителна област, па ако одлучите да си поиграте со нив, бидете навистина нежни и внимателни, бидејќи каков било премногу силен стисок веднаш ќе се одрази на нивото на желбата на партнерот. Исто така, не го навлекувајте пенисот како да е направен од гума, иако понекогаш изгледа така. Нежно повлечете ја кожичката преку главчето за целосно да не го индиспонирате партнерот.

Машките брадавици ја немаат истата улога како и на женските, па ниту ја имаат истата чувствителност. Ако одлучите да си поиграте со нив, би можеле лесно да се изненадите од сосема рамнодушното однесување на партнерот.

Голем дел од ова зависи од предиграта. Ако одлучите да го заведете партнерот и да го одведете во кревет, не го растегнувајте како гума за џвакање, бидејќи лесно може да ви се удри од глава претераното играње на мачка и глушец.

Дури ни случајно при соблекување не нагласувајте дека не сте депилирани или дека сте дебели, дури и ако го мислите тоа. Повторете го ова неколку пати и вашиот маж ќе заклучи дека можеби сепак оди со погрешна личност во кревет.

И да, мажите сакаат гласен секс, им се допаѓа кога ќе видат дека нивната партнерка ужива, но ако и не ви е баш добро, попрво научете го што да прави во тој момент отколку да почнете очигледно да глумите, бидејќи тоа ќе го одбие вашиот маж од креветот за подолго време.