Јас имав двајца татковци – еден богат и еден сиромав

1156

Јас имав двајца татковци – еден богат и еден сиромав. Едниот татко беше високообразован и интелигентен, имаше титула на проф. д-р, завршил четиригодишни додипломски студии за помалку од две години, а потоа се запишал на универзитет и на последипломски студии, сето тоа финансирано преку стипендии.

Мојот друг татко немаше завршено ниту осмо одделение. И двајцата беа успешни во својата карирера, работејќи напорно целиот свој живот, и имаа солидни финансиски примања.

Сепак, едниот татко едвај преживуваше финансиски целиот свој живот, додека другиот стана еден од најбогатите луѓе на Хаваи. Едниот почина, оставајќи десетици милиони долари на својата фамилија, во добротворни фондови и на црквата. Другиот остави еден куп неплатени долгови. Обајцата беа силни, харизматични и влијателни. Двајцата ми нудеа совети, но не ме советуваа за истите работи.

Имајќи двајца татковци, ми овозможи перпсектива од две спротивни точки: еден на богат човек и еден на сиромав човек. Проблемот на мојот богат татко беше што тој сè уште не беше богат, а мојот сиромав татко сè уште не беше сиромав. Беа на почетокот на своите кариери и се обидуваа да се справат со своите финансии и со своите фамилии.

Но, без оглед на заедничките страни, имаа многу различни сфаќања во поглед на парите. Едниот ќе речеше: “Љубовта кон парите е коренот на сето зло”. Другиот ќе речеше: “Недостатокот на пари е коренот на сето зло”. Имајќи двајца татковци и сакајќи ги двајцата, ме натера да размислувам, и на крајот да изберам, начин на размислување за себе. Јас морав да размислам за секој од предлозите на моите татковци, и, на тој начин, да се здобијам со вредни апсекти на моќта и ефектот на сфаќањето на различни луѓе за својот живот.

На пример: мојот сиромав татко имаше навика да каже: “Јас не можам да си го дозволам ова”. Mојот богат татко никогаш не ги употребуваше овие зборови. Наместо тоа ќе речеше: “Како можам да си го дозволам ова?” Првото е изјава, второто е прашање. Едното те оддалечува од темата, второто те тера на размислување. Мојот богат татко ми велеше дека со искажување на реченицата: “Јас не можам да си го дозволам ова” мозокот автоматски престанува да работи. Со поставувањето на прашањето “Како можам да си го дозволам ова?” вашиот мозок е ставен во погон.

Мојот богат татко не размислуваше “купи сè што можеш” Тој беше страстно посветен на вежбање на својот мозок – најмоќниот компјутер на нашата планета. Mојот богат татко ќе речеше: “Mојот мозок станува појак секој ден бидејќи го вежбам секој ден. Колку станува појак, толку повеќе пари заработувам”. Тој веруваше дека со искажување на реченицата “Јас не можам да си го дозволам ова” тоа беше знак за почеток на мозочна мрзливост.

Иако двајцата татковци работеа напорно, забележав дека мојот сиромав татко имаше навика да го стави мозокот на спиење секогаш кога се работеше за пари. Мојот богат татко, од друга страна, имаше навика да го тренира својот мозок. Долгорочниот резултат на ова беше што едниот татко стана финансиски силна личност, за разлика од другиот која стана финансиски слаба личност.

Извадок од книгата Rich Dad, Poor Dad by Robert Kiyosaki

Блага Панева