КОГА СЕДЕЊЕТО ЌЕ СТАНЕ СМРТОНОСНО | Нова студија предупредува кога точно ризикот од срцева слабост станува речиси 50 отсто поголем

601

Во студијата, научниците следеле повеќе од 100.000 илјади луѓе во текот на 11 години, а резултатите би можеле да загрижат многумина, особено оние кои работат на компјутер.

Едно ново истражување покажа дека седењето осум или повеќе часа секој ден е многу опасно – го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар за дури 20 проценти! Иако стручњаците постојано предупредуваат за опасностите од долгото седење и не повикуваат да бидеме физички поактивни, поради модерниот начин на живот се чини дека тоа понекогаш е невозможно.

За многумина работата значи седење седум, осум, девет часа, а тие се изложени на најголем ризик од срцев и мозочен удар, покажа студијата. Кинеските експерти открија дека луѓето кои седат по осум часа на ден, што е приближно колку работно време на повеќето работни места, имаат 20 отсто поголем ризик од срцев или мозочен удар.

Ризикот од срцева слабост (откажување на срцето) е за 49 отсто поголем

Исто така, нивниот ризик од срцева слабост е за 49 отсто поголем во споредба со оние кои седат двојно помалку. Имајќи ги предвид овие податоци, научниците истакнуваат дека намалувањето на времето што го поминуваме седејќи и зголемувањето на физичката активност, може да ги има истите ефекти како и намалувањето на пушењето на глобално ниво.

Инаку, кинеските научници дошле до резултатите од оваа студија анализирајќи 105.677 луѓе од 21 земја, кои во просек имале 50 години. Тие одговарале на прашања за тоа колку часа дневно седат, а потоа научниците го следеле нивното здравје во следните 11 години. До крајот на студијата, регистрирани се 6.200 доброволни смртни случаи. Исто така, забележани се 2.300 срцеви удари, 3.000 случаи на мозочен удар и 700 случаи на срцева слабост, но не сите завршиле фатално.

Атријалната фибрилација (АФ) е најчестото нарушување на неправилно чукање на срцето, но многу луѓе не знаат дека ја имаат оваа состојба. АФ е срцева состојба која предизвикува неправилно и често ненормално брзо отчукување на срцето, што е важно да се забележи бидејќи може да доведе до фатален мозочен удар. Наједноставниот начин да се провери состојбата е да се измери пулсот, но истражувањето на биофармацевтската компанија Bristol Myers Squibb покажа дека секоја петта личност која е во опасност од оваа состојба всушност не знае како да го направи тоа. Кога проверувате пулс користете го зглобот или вратот и ставете го показалецот и средниот прст на внатрешната страна на зглобот или на страната на вратот и ќе го почувствувате тоа. Потоа избројте го бројот на отчукувања за 30 секунди, а потоа удвојте го тој број за да го добиете бројот на отчукувања во минута. Нормално отчукување на срцето во мирување ќе биде помеѓу 60-100 отчукувања во минута (bpm), а за луѓето со AF може да биде и до 100 отчукувања во минута. Оние со поголем ризик од оваа состојба вклучуваат оние кои имаат генетско срцево заболување. Ова може да биде затоа што веќе страдате од проблеми како што е висок холестерол или ако имате семејна историја на срцеви проблеми.

Научниците истакнуваат дека редовното вежбање може да ги намали ефектите од седењето со часови врз здравјето. На пример, учесниците во студијата кои вежбале најмногу – околу два и пол часа неделно – имале само 17 проценти зголемен ризик од смрт, што е значително помало од оние кои не вежбале.