Често пиење вода од пластично шише може да биде опасно по вашето здравје

1639

Еве што всушност внесувате во организмот!

Пластичната чашка или шише од кои пиеме вода содржат огромен број на штетни материи и треба да ги избегнуваме поради здравјето.

Научниците не предупредуваат на овие штетни материи кои можеме да ги внесеме во организмот преку пиење од пластика:

Стирен

Ова е вообичаена состојка на стиропорот која може да предизвика намалување на хемоглобинот во крвта, да доведе до нервоза, анксиозност, зголемен ризик од рак на панкреасот и црниот дроб, а се пренесува преку млекото од мајката на новороденчето.

Бисфенол А

Може да предизвика рак на дојката, го забавува развојот на мозокот на женските деца ако мајката во бременост била изложена на Бисфенол, го попречува ендокриниот систем и влијае на половите хормони кај девојчињата.

Формалдехид

Се доведува во врска со леукемија и појава на рак на носот.

Еталати

Го попречуваат ендокриниот систем и влијаат на појава на рак на дојката

Винил хлорид и диоксин

И двете соединенија се канцерогени, а диоксинот влијае на појава на рак на дојката.