Како настанал митот за мачките и нивните девет животи

1012

Со векови луѓето обожувале мачки, се плашеле од нив и ги сметале за волшебни суштества. Митот за деветте животи на мачките постои во целиот свет, но не се секогаш девет животи, бројот варира во различни култури.

Една стара англиска изрека објаснува дека мачката има три животи за игра, три за талкање и три да остане со газдата. Сепак, науката сугерира дека како и другите живи суштества, мачките имаат само еден живот.

Митот дека мачките имаат девет животи потекнува од египетската култура и религија. Египетскиот бог на сонцето Ра често се прикажува како мачка. За него се верува дека има форма на мачка кога го посетува подземниот свет. Според една легенда, Ра од своето тело изродил осум богови кои претставуваат девет животи во еден.

На мачките најчесто им се припишуваат девет животи, затоа што бројот девет се смета за магичен број. Во античка Грција, бројот девет се однесувал на тројството на сите тројства и натприроден број кој повикува на традиција и религија.

Бројот девет се смета за среќен во Кина и силно е застапен во митологијата на кинеските змејови. Но, во Германија, Грција, Бразил и во некои земји од шпанско говорно подрачје, се верува дека мачките имаат седум животи, додека турските и арапските легенди посочуваат дека имаат шест.

Вилијам Шекспир го користи изразот за мачките и нејзините девет животи во драмата Ромео и Јулија. Кога братучедот на Јулија, Тибалт, го прашува пријателот на Ромео, Меркуцио, што да прави со него, на што тој одговорил: Добар кралу на мачките, јас не сакам ништо друго освен еден од твоите девет животи.

Некои луѓе веруваат дека митот за девет животи е поврзан со способноста на мачката секогаш безбедно да се дочека на нозе. Мачката има флексибилни коски и лигаменти, што ѝ помага да издржи минимални повреди од многу различни несреќи. Со исклучителна умешност, рефлекси и еластичност, може да издржи паѓања и други големи несреќи, но исто така може да се справи и со поопасните противници.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.