Човекот кој спасил 1.500 кучиња и мачки, направил населба за животни!

2229

Тоа не му беше сон од детството, ниту пак желба, но еден настан сосема го промени неговиот живот, имено, придонесе Лео да одлучи на кој ќе му го посвети својот живот.

Тој планираше да стане актер, да живее во Холивуд со своите три црни мачки. Никогаш не бил инспириран да формира засолниште за напуштени животни, но фантазираше и сонуваше за црно куче кое ќе го промени светот. Додека се возеше со автомобилот, тој забележал црно куче кое талка бесцелно по должината на патот. Беше мелез на доберман, исто така и прво куче кое Лео го спаси. Го нарече Делта, што на грчки е симбол на промените, како “промени го мојот живот”.

Во наредната година, Лео спасил повеќе од 35 напуштени кучиња, неговата страст да спасува и да се грижи за напуштени животни е родена. Основа DELTA RESCUE. На отфрлените кучиња и мачки, овозможена им е шанса за нов живот.

DELTA RESCUE непрофитната организација на Лео е акроним за посветеност и вечна љубов кон животните и по тоа е единствена во светот.

Засолништето е за повеќе од 1.500 кучиња и мачки, како и за неколку десетина коњи, свињи и кози. Секое од овие животни, Лео лично ги спасил. Сите животни во засолништето, без оглед на здравствената состојба, имаат обезбедена доживотна нега.

DELTA Rescue

Кучињата имаат партнер за цел живот

Имајќи предвид дека многу од спасените животни кои пристигнуваат во DELTA RESCUE, се трауматизирани, имаат проблеми со луѓето или другите животни, бидејќи повеќето од нив биле злоупотребени, а потоа и отфрлени или напуштени.

Секое животно се проценува и му се пронаоѓа соодветен животен сопатник (кој е веќе во засолништето), или поточно, кај кучињата, кучето од спротивниот пол, а со сличен или ист карактер. Тие како двојка, добиваат дом и двор, како дел од населбата, во кој живеат други кучешки двојки. Се разбира, има и кучиња кои се самци, но на Лео му е целта, ако тоа темпераментот им го дозволува на секое куче да му најде животен партнер.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.