Многу сопственици прават грешки додека шетаат со своите миленици

122

ЖИВОТОТ со кучиња бара голема одговорност.

Многу луѓе не се свесни за овој факт и прават различни грешки во нивното воспитување, во односот кон кучињата, па дури и додека ги шетаат.

Баш поради тоа ја објавуваме оваа листа на работи при кои сопствениците најчесто грешат.

1. Прошетка без поводник

Иако го сакате вашето куче и не се плашите од него, другите луѓе што ги среќавате на патот не го мислат истото. Исто така, може да се случат разни несреќи: тој може да се изгуби, да се залета под автомобил, да скока врз другите луѓе, да потрча по мачка, да нападне некое друго куче и слично.

2. Погрешен поводник

Постојат места каде што можат да се остават да бидат слободни без поводник, но не и кога сте во урбана средина. Преку вашето куче, некој може да се сопне, може лесно да излета на патот, да скока по минувачите или да посака да се дружи со други кучиња. Исто така, не е во ред да го земете целиот тротоар за себе и за кучето. Слободното движење зачувајте го за излети во природа.

3. Не го собирате изметот

Соберете го секој пат! Освен што другите луѓе нема да ве сметаат за невоспитани, вашиот град ќе изгледа поубав и подобар со што ќе допринесете барем малку за намалување на ширењето на инфекциите и болестите.

4. Дозволување да “поздрави” секој човек

Не сака баш секој минувач на патот да го поздрави вашето пријателски расположено куче. Тие можат да се плашат од кучиња, да бидат облечени за важен состанок или се алергични на кучињата и слично.

Продолжува на страна 2