Само затоа што се добри за здравјето, не значи дека можете да ги миксате | Намирници што не треба да ги ставате во smoothie

1309

Популарноста на смутито се чини дека расте од година во година, а со тоа и бројот на (многу необични) рецепти.

Само затоа што некои намирници се многу добри за вас, не значи дека треба веднаш да ги ставите во блендер и да направите smoothie од нив.

Ако не сте сигурни за каква храна станува збор, слободно продолжете да читате. Овие 4 „додатоци“ речиси сигурно ќе го уништат вкусот или текстурата на вашето smoothie!

Сурово цвекло

Темно црвеното смути звучи навистина привлечно, нели? Но, освен ако не поседувате навистина моќен блендер, во никој случај не додавајте сурово цвекло во вашиот пијалак. Најмногу што може да постигне стандардниот блендер е текстура слична на брзо зготвената овесна каша (а тоа воопшто не го сакате). Ако сѐ уште сакате да подготвите црвено смути, задолжително прво сварете и излупете го цвеклото.

Свеж ѓумбир

Спротивно на уметничките фотографии кои често се прикачени на рецепти за smoothie, едноставно не можете да ставите парче свеж ѓумбир во блендер и да добиете вкусен, рамномерен пијалак. Наместо тоа, ќе добиете пијалак кој претежно ќе има вкус на ѓумбир, со неколку парчиња суров ѓумбир што “летаат” наоколу. Ако ѓумбирот е незаменлив дел од вашите smoothie, задолжително прво изрендајте го или исечкајте го на парчиња.

Урми

Урмите се богати со растителни влакна и несомнено се подобар засладувач отколку, на пример, шеќер, мед или агава. Но, дури и ако ги миксате цели 5 минути, сепак ќе добиете лепливо парче што нема рамномерно да го растера нивниот сладок вкус. Се разбира, сѐ уште можете да ставите урми во smoothie, но не заборавајте прво да ги исецкате или да ги натопите во топла вода за да омекнат.

Мраз

Иако многу рецепти сугерираат додавање мраз во smoothie, ова всушност воопшто не се препорачува. Мразот ќе го разреди пијалакот и неговиот вкус, а текстурата ќе биде „лигава“ и водена. Ако сакате ладни smoothie, користете замрзнато овошје и разладени течности.