Најчудните феномени кои луѓето ги доживуваат за време на длабок сон

1619

Спиењето е сосема рутинска активност, но повремено луѓето се соочуваат со невообичаени појави или имаат пречки кои ги збунуваат и ги плашат. Ова се некои од најбизарните искуства кои можете да ги доживеете.

ЗБОРУВАЊЕ ВО СОН

Околу пет проценти од возрасните луѓе зборуваат во сон, покажало едно истражување на американскиот Институт за медицина на спиењето. Повеќето сеанси на зборување на перница обично траат триесет секунди.

Луѓето во сон зборуваат најмногу во првиот час – два од заспивањето, во моментот кога организмот влегува во подлабоки фази на сонот, но сепак имаат доволно сила да создадат звуци или движења. Заспаниот најчесто дознава дека зборува во сонот од сведокот. И тогаш го фаќа паника: што ако реков нешто просто или открив некоја непријатна тајна?

Истражувачите се фрлиле на работа и дознале за што најчесто зборуваат ноќните раскажувачи. За жал, се покажало дека не можат да бидат горди со она што го кажале: зборувањето во сон обично е со многу вулгарности и закани. Францускиот невролог д-р. Isabelle Arnulf и нејзините колеги проучувале 232 возрасни лица со различни нарушувања во спиењето и забележале 883 случаи на зборување во сон во тек на две ноќи.

MedicalXpress известил дека снимиле 3349 разбирливи зборови, од кои најчестиот бил “не”. Околу четвртина од изговорените се однесувале на непријатни и заканувачки ситуации, 22 проценти вклучувале груб или навредлив речник и 10 проценти од нив отворени пцости. Интересно е дека зборливите лица во сонот зборуваат граматички прилично правилно.

– Во однос на граматиката, говорот во сон е сличен на говорот во будна состојба. Вклучува сложени реченици и тишина предвидена за одговор на “примачот”, како што е и во реалноста, молчиме додека другиот зборува – вели д-р. Arnulf.

Научниците претпоставуваат дека изговорените зборови потекнуваат од енергични и интензивни соништа. “Не”, веројатно значи дека спанкото некој го одбивал или давал отпор, а пцостите дека бил многу лут.

Не постои доказ дека зборувањето во сон не мора да укажува на активности или настани од реалноста, ниту дека би бил испратен на лицето кое спие во ист кревет, но би можел да ги одразува скриените мисли и фантазии.

Ако знаете дека зборувате во сон, предупредете го оној кој во иднина би можел да ги слушне вашите поговорки дека тие не се упатени кон нив и да не ја откриваат вашата приватност, туку дека произлегуваат од сништата чии ликови и акција не мора да ја имитираат реалноста.

Продолжува на страна 2