Луѓето на кои им се препишани бета блокатори треба да консумираат диња умерено, поради високата содржина на калиум.
Кога станува збор за исхраната, многумина не знаат дека одредени намирници не само што се вкусни, туку и многу здрави. Една од нив е слатката, сочна диња која е полна со витамини Ц, Б6, магнезиум и други.
Иако главната состојка е водата, дури 90 отсто, дињите се многу хранливи и богати со витамин Ц, калиум, бета каротен, особено оние сорти со портокалов плод.
Тие содржат многу биофлавоноиди, каротеноиди и други растителни пигменти, кои штитат од кардиоваскуларни и други болести. Имаат бројни минерали како тиамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина, железо, магнезиум, бакар, калиум, манган и фосфор.
Семиките содржат влакна, протеини и омега три масни киселини.
Дињата може да помогне во правилното справување со дијабетесот, бидејќи има низок гликемичен индекс 4 (четири). Ниското гликемиско оптоварување значи и спречување на скок на шеќерот во крвта, па затоа се препорачува во исхраната на дијабетичарите.
При купувањето изберете диња која е цврста, тешка и симетрична, без меки точки или оштетувања. Во денешно време повеќето овошја може да се купат во текот на целата година. Сепак, сладоста и сочноста ќе зависат од сезоната на која припаѓа овошјето.
Пред да ја исечете дињата, потребно е добро да се измие кората (надворешниот дел) за да се намали ризикот од пренесување на салмонела на месото (внатрешниот дел).
Кој треба да избегнува диња?
Луѓето на кои им биле препишани бета блокатори треба умерено да консумираат диња поради високата содржина на калиум.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
БОНУС ТЕМА ⇓



















