ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ! ВОЗ СО ОПАСНИ МАТЕРИЈАЛИ ПАДНАЛ ВО РЕКА ! Видео

952

Се урна железничкиот мост во Montana, затворен е доводот за вода за пиење!

Мостот на Yellowstone River во американската сојузна држава Montana денеска се урнал, по што асфалтот и сулфурот, отровни материи што ги превезувал товарен воз кој во моментот на уривањето се наоѓал на мостот, се излеале во реката.

Вагоните превезувале асфалт и сулфур, изјави началникот на службата за итни случаи на округот Stillwater, David Stamey. Официјалните лица го исклучиле снабдувањето со вода за пиење низводно додека се проценува опасноста.

Репортерот на АП јавил дека бил сведок како жолта супстанца излегува од некои цистерни.

Stamey објасни дека нема непосредна опасност за екипите кои работат на местото на настанот и дека опасниот материјал бил разреден во надојдената река. Во реката и на делот од мостот кој се урнал имало осум вагони.

Екипажот на железницата е безбеден и нема повредени, изјави портпаролот на железницата.

Екипите на железницата биле на местото на настанот во округот Stillwater, во близина на градот Columbus, околу 40 милји западно од Billings. Причината за уривањето е под истрага.

Реката е надојдена поради неодамнешните обилни дождови, но не е јасно дали тоа е причината за уривањето на мостот, наведува АП.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.