ПОМОШ, ПАЃАМ!

Не е изненадувачки дека во текот на ноќта доживуваме секакви искуства кога трошиме една третина од нашите животи во спиење, а шест години во сонување. Дали за време на спиењето сте имале чувство како паѓате од карпа, од небо или се сопнувате?
Овој феномен се јавува најчесто кога тонете во сон. Во сонот, телото е парализирано, но понекогаш сонот може да почне, додека мускулите сѐ уште се подвижни и способни за трзање. Поверојатно е дека тој ќе се појави ако сте исцрпени или сте под стрес. Тогаш мозокот одеднаш заспива, но остатокот од телото доцни.
ГЛАВА КОЈА ЕКСПЛОДИРА
Овој синдром не е толку гаден колку што звучи. Заспаниот се буди во страв откако слушнал моќен звук како експлозија или видел силен блесок, наведува Guardian.
Во такви ситуации, луѓето имаат чувство дека нивната глава ќе експлодира, иако во реалноста ништо не ги загрозува. Овој феномен е поврзан со чувството на паѓање – мозокот влегува во длабок сон, но телото сѐ уште не ја достигнало состојбата на парализа, а сетилата се уште се вклучени.
ПАРАЛИЗА ПРИ БУДЕЊЕ
Кога ќе почнете да се будите, сфаќате дека не можете да зборувате или да ги движите мускулите. Оваа состојба обично трае неколку секунди, но може да трае неколку минути и изгледа прилично страшно.
Овој феномен е спротивен на чувството на паѓање, бидејќи мозокот се буди пред да исчезне парализата која е својствена на длабокиот сон. Имате впечаток дека не можете да дишете (иако дишете) и дека вашите гради имаат голем товар. Ова се должи на фактот дека мускулите кои го контролираат дишењето покрај дијафрагмата сè уште се парализирани.
Продолжува на страна 3


















