Што сѐ учат современите деца

179

Денешните деца подобро се снаоѓаат во виртуелниот отколку во реалниот свет, а некои обични, секојдневни работи не познаваат.

Децата денес најмногу време поминуваат пред телевизор или компјутер, со помалку физичка активност отколку што е препорачливо. Вешти се во разбирањето на технолошкиот напредок, но тешко  се снаоѓаат во општествените односи со врсниците. Тие живеат во еден поинаков свет, за разлика од нивните родители и знаат повеќе за тој свет. Од друга страна – некои обични, мали, секојдневни работи, на денешните деца не им се познати.

Истражувањето на една Интернет компанија, кое вклучило 2200 мајки и деца на возраст од 2-5 години, и тоа од САД, Канада, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и некои европски земји, даде интересни, но во исто време, малку вознемирувачки резултати. Дури 19% од анкетираните деца знаат како да ја користат апликацијата на умните телефони, додека само 9% од децата знаат како да ги  врзуваат врвките на чевлите. Тестираните деца подобро знаат да се справат со управување со компјутерски игри и умни телефони, одколку што успеваат самостојно да ги врзуваат врвците или да објаснат на логичен, и на своја возраст соодветен начин, некои појави од нивната околина.

Значи, дури 19 проценти од испитаните деца знаат како се користат апликациите на умните телефони, додека само 9 отсто знаат да ги врзуваат врвците. Исто така, речиси 60 проценти од момчињата и девојчињата знаат да играат игри на компјутер, или да извршат повик по мобилен телефон. Од нив 25 проценти знаат  да  отворат веб-страница. Од друга страна, само 20 проценти знаат да пливаат.

Резултатите од ова истражување поттикнаа низа прашања: дали новата генерација на деца се жртви на општиот напредок? Дали е влијанието на опкружувањето и стандардите сепак одлучувачки за формирање на личноста? Можат ли родителите да ги следат своите деца во нивниот брз развој?

 Улогата на родителите е променета

Сигурно е дека со развојот на технологијата, улогата на родителите е значително изменета. Играта со топка, велосипедизам, мали, секојдневни вештини, само на соодветната возраст и на соодветен начин – подоцна нема да  може да се надомести. Oна што родителите тешко можат да  замислат, истовремено со што тие мора да се соочат и учат, а што не беше дел од нивното растење, сега е составен дел од детството на нивните деца.

Сепак  од суштинско значење е да се потсетат родителите дека, и покрај технолошките чуда што нè опкружуваат – децата се сѐ уште  деца! Односно,  додека растат со игри, мобилни телефони и компјутери, и така се здобиваат со одредени вештини, сѐ уште не научиле да врзуваат врвки за чевли, возат велосипед  “да го читаат часовникот,” пливаат …

Конечно, вештината на управување со умни телефони, компјутери и други “чуда” на технологијата, најверојатно вашето дете нема да треба  да го учите. Тоа спонтано ќе ги усвои како дел од нивното растење. Од друга страна, сите “чуда на технологијата” ќе го чекаат и кога ќе порасне. Меѓутоа, играта со топка, возење велосипед, мали, секојдневни вештини, токму на соодветната возраст и на соодветен начин – нема да може да го надомести подоцна. Вашето учество во ова е од непроценливо значење, на корист и задоволство на вас и вашето дете.

Најважни работи

За сите мали вештини кои вашето дете треба да ги усвои, потребно е:

Трпение.

Често ќе се чувствувате како да е вашето трпение на тестирање, додека чекате  вашето дете да ги врзе врвците на чевлите, или конечно да се чувствува доволно безбедно без ваша помош да вози велосипед. Запомнете дека детето не одложува  намерно, затоа што и нему му е важно да се почувствува големо, самостојно да направи нешто.

“Фатете”…

го моментот кога е вашето дете подготвено да прифати нова активност. Индивидуалните разлики се големи. Затоа вие секогаш забележете го она што е вашето дете  подготвено да направи во овој момент од својот развој, и понудете му, охрабрете го и мотивирајте го да го направи она што е само еден чекор понапред од него. На пример, ако во моментот  вашето дете со леснотија и доверба вози велосипед со три тркала, време е да почнете да мислите, односно со вашето дете да зборувате и да го подготвите за она што е логичен тек во тој момент на неговиот развој, а тоа е велосипед со две тркала.

Пофалете …

го вашето дете. Секој пат кога нешто ќе стори за прв пат самостојно, имате силна причина да го пофалите детето. Ова е мотивација за натамошни напори, и начин како да се развие самодоверба.