Убавината на жената ѝ е одговорност. Вреднувани сме и наградени врз основа на тоа колку добро го вплотуваме овој идеал на “совршеното женско тело“, т.е. колку добро со тој идеал знаеме да манипулираме. Значи, колку добро знаеме со таа дарба да ги исполниме другите! Секако умот е значаен … Иако тоа многу пати вклучува и да се правиме наудрени.
Всушност, убавината е преценета и воопшто не е благослов како да се мисли. Се разбира, повеќе сакаме да сме атрактивни отколку да не сме. Но, повеќето луѓе ја гледаат само едната страна од медалот, инсинуираат дека тие убавината би ја искористиле поинаку, но тоа е невозможно, бидејќи убавината секогаш доаѓа и со недостатоците.
Зошто убавината може да биде хендикеп
Убавината, всушност предизвикува повеќе негативни емоции отколку позитивни. Другите жени ве мразат и мислат дека вашата животна мисија е да го соберете нивниот сопруг или да се опнете со нивниот фраер, а вие немате срце да им кажете дека тој не ви е интересен … Ако не сте заинтересирани или сте зафатени, ве мразат и мажите! Скоро секој кој ќе го одбиете зборува за вас најгрди нешта по Божјата правда кои човечкиот ум може да ги замисли (бидејќи машкото его тешко се справува со одбивањето) … Вие постојано се оправдувате поради нешто! А ако ви е даден со убавината и ум, па т.н ментална убавина, која во голема мера ја прави емпатијата, тогаш сфаќате дека убавината ги прави другите луѓе во вашето друштво небезбедни, поставувајќи бариера која често е невозможно да се надмине.
Луѓе имаат предрасуди ако сте убава дека сте нарцисоидна, себична и егоцентрична … Што значи, дека на првиот состанок имате многу, многу нешта за побивање. Тоа не е лесно, верувајте ми !
Продолжува на страна 2