
МЕСЕЧАРЕЊЕ
Повеќето нарушувања на спиењето се безопасни и не се штетни, но месечарењето може да биде опасно бидејќи можете да се сопнете, да испиете детергент или да седнете зад воланот од автомобилот.
За време на месечарењето, телото е доволно будно да се движи, но мозокот сѐ уште спие. Затоа најверојатно не се сеќавате на вашите ноќни прошетки.
Побизарни случаи на месечарењето вклучувале готвење, движење мебел, облекување, расоблекување и управување со возило во состојба на длабок сон. Според Psychology Today, епизодата на месечарењето трае од неколку секунди до половина час.
СЕКС ВО СОН
Ако некогаш сте се разбудиле кога започнувате сексуален чин, замислете колку изненаден бил вашиот партнер/ка. Во една студија спроведена на 810 пациенти во Центарот за нарушувања на спиењето на Универзитетот во Торонто, 7,6 проценти од пациентите имале сексомнија – сексуален однос (или почесто, само обид за однос) со партнерот за време на спиењето.
Овој феномен е сличен на месечарењето – телото е во состојба на доволна будност да се движи, но мозокот не е во состојба на целосна свесност. Многу луѓе не се сеќаваат на ништо или се будат кога нивниот партнер реагира – со прифаќање или одбивање. Можно е дека сте биле предизвикани на “акција” со сексуалниот сон или сте отишле да спиете со силна страст.

Продолжува на страна 4


















