Ова никако немојте да го правите пред децата

452

Веројатно знаете дека не би требало да пцуете и пушите пред децата, но постојат и други работи, за кои мислевте дека се небитни, а кои можат да влијаат на вашите деца.

Како што децата учат да зборуваат слушајќи го разговорот на родителите, исто така учат да живеат набљудувајќи ги вашите дела.

Следуваат работи, кои не би требало да ги правите пред децата:

Да зборувате „бели лаги“

  • Сценариото е следното: Полицаецот ве застанува, бидејќи сте ја пречекориле дозволената брзина, а вие му кажувате дека тоа сте го сториле, бидејќи брзате ќерката да ја однесете на тренинг. Таа седи на задното седиште, ве слуша и знае дека тоа не е вистина. Лажењето е толку вообичаено кај возрасните луѓе, така што многумина не ни забележуваат кога тоа го прават, особено кога се во прашање т.н. „бели лаги“. Но, кога децата се во близина ниту една лага не е неважна. Следејќи го вашиот пример, вашето дете би можело да заклучи дека лажењето е сосема во ред, дури и кога некои поголеми работи се во прашање.

Криење од брачниот партнер

  • Доколку имате навика, на пример, да си купите нешто скапо, а на детето му кажувате дека тато не мора да знае за тоа, тоа звучи како крајно небитна работа. Можеби дури и ќе помислите дека тоа може да биде добар начин да се поврзете и зближите со детето. Меѓутоа вистината е дека со тоа на детето му покажувате дека сосема е во ред да ги лаже родителите и го поткопувате авторитетот брачниот партнер.

Да се шегувате на сметка на детето

  • Можеби ви звучи забавно пред други луѓе или пред партнерот да внесете малку сарказам во комуникацијата со детето, на пример да му кажете дека ќе се претвори во лубеница, ако проголта семка од тоа овошје, но вашето дете нема да знае дека вие се шегувате. Децата секогаш се сфаќат буквално, па затоа најдобро е да прескокнете ваков вид на забава.

Да поминувате премногу време на телефон

  • Доколку сметате дека е во ред вашето дете да има мобилен телефон на шест години и да си игра на таблет пред да научи да оди, тогаш слободно бидете на телефон цел ден. Но доколку спаѓате во родителите, кои сакаат нивното дете да го минат детството во читање книги и во играње со лего коцки би требало и вие да се откажете од вашите електронски апарати.

Да ги губите нервите

  • Веројатно знаете дека не треба да ги губите нервите и да им се дерете на децата. Но тоа не треба да го правите со никој, доколку вашето дете е во собата. Имено, доколку се изнервирате од сопругот и почнете да му викате, голема е веројатноста дека вашето дете ќе помисли дека тоа е виновно за кавгата.

Да ги исмејувате пријателите или роднините

  • Една шега на сметка на „пијаниот вујко Перо“ или „глупавиот пријател од факултет“ може да се вреже во сеќавањето на вашето дете. Не само што детето ќе помисли дека во ред е да се омаловажуваат помалку среќните луѓе, туку постојат шанси следниот пат кога ќе ја видите личноста, која сте ја исмевале, вашето дете да ги повтори вашите зборови.