Премногу спиење и не е баш така здраво

110

Сите знаеме за придобивките од добриот сон. Британското издание “Фимеjл фрст” сепак неодамна објави листа со потенцијалните штети кои би можело да ни ги нанесе прекумерното спиење.

На прво место премногу спиење ја попречува нашата меморија. Според научниците од Американската геријатриска асоцијација луѓето кои спијат повеќе се ментално две години постари од оние кои ја добиваат токму потребната доза спиење.

Излегува дека спиењето влијае на шансите да добиеме инфаркт. Луѓето кои спијат долго имаат 46% поголеми шанси да добијат срцев удар од останатите.

Истото важи и за шансите за запаѓање во депресија, каде поголемите спанковци се далеку повеќе склони кон тоа, покажуваат податоците на Центрите за контрола на болести на САД. Успивањето често пати може да доведе до замор и неволност, кои можат да доведат до депресија.

Дијабетесот исто се влијае од сонот. Луѓето кои спијат повеќе од 8 часа на ден имаат подолги периоди во кои не се активни, што доведува до покачени нивоа на гликоза и можност за развивање на дијабетес.

Еден од најчестите проблеми на сегашноста – главоболката и мигрената исто зависат од сонот, но не како што сте претпоставувале. Поспанковците имаат повеќе проблеми со главоболката од останатите луѓе. Истото важи и за спиењето во текот на денот во необичен час, што може да доведе до загриженост, тивок немир и губење на апетитот.

Колку сепак е вистинското време за спиење? Според лекарите тоа е помеѓу 7 и 8 часа, а помалку од 6 и повеќе од 9 се опасни за здравјето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.