Зошто не треба да имате секс со поранешниот

1255

И така – раскинавте со неодамнешниот партнер. Двајцата едноставно не сте еден за друг и патиштата ви се разделиле.

Независно од проблемите поради кои разделбата е факт, сепак има едно единствено нешто за што никогаш не сте имале контрадикции – сексот.

Од оваа причина вие сте склони да мислите дека е подобро да се добие оргазам со помош на поранешниот, наместо да барате други потенцијални сексуални партнери.

На прв поглед идејата не изгледа лоша, но всушност е подобро за вас да се воздржувате од секс со поранешниот омилен.

Зошто? Еве неколку причини:

Не си давате можност да “продолжите напред”

Додека продолжувате да останете дури само во сексуални односи со својот поранешен партнер, тоа ви пречи да сретнете друг човек. Дури и чисто психолошки. Освен тоа не можете да се почувствувате целосно независни и неврзани. А ако не можете да научите да бидете среќни кога сте сами, тоа значи дека никогаш нема да бидете такви и со друг човек.

Сексот без емоции не постои

Би било навистина прекрасно, ако може да се “исклучат” своите емоции, кога имате секс со поранешниот, нели? За жал, тоа нема да се случи. Колку и да се лажете дека тоа е “само секс”, вистината всушност е друга. Сепак до неодамна сте биле пар со овој човек и сте имале чувства кон него. И веројатно нема да ви се допаѓа, ако додека имате “само секс”, го видите да излегува со друга жена. Откако веќе сте страдале при разделбата, зошто треба да си го предизвикувате истото повторно?

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2