Во келтскиот хороскоп има 13 знаци, сите симболизирани од одредено животно, кое симболизира карактеристики на припадниците на тој знак.
Познато ви е дека постои и кинески и арапски и каков уште не хороскоп, а во продолжение прочитајте ги толкувањата за вашиот знак според келтскиот хороскоп:
ЕЛЕН (24 декември – 20 јануари)
Еленот е симбол на идеали и аспирации. Ако започнувате нов проект, Еленот мора да биде дел од вашиот тим. Трпелив е и секогаш цели кон триумф. Нивниот интегритет е и нивен заштитен знак.
МАЧКА (21 јануари – 17 февруари)
Нивниот ум е бистар и брз и лесно носат правилни одлуки. Се одликуваат и со голема ментална сила, а во исто време се лесно допадливи и не им треба многу време за да ви прираснат за срце.
ЗМИЈА (18 февруари – 17 март)
Љубопитни и секогаш сакаат да истражат што се случува околу нив. Сакаат да комуницираат и често ќе ги видите како организатори на средби и групни активности. Во исто време се и спонтани, но и доста непредвидливи.
ЛИСИЦА (18 март – 14 април)
Лисиците се одликуваат со брилијантна смисла за хумор, интелигенција и проникливост. Талентирани се за раскажување приказни и шеги, енергични се и храбри, а како пријатели се многу лојални.
КРАВА (15 април – 12 мај)
Нив можете да им се обратите кога ви е потребно рамо за плачење или само искрено мислење или совет. Лесно можат да забележат лажго уште оддалеку, интуитивни се и многу емотивни, а често и тврдоглави.
МОРСКО КОЊЧЕ (13 мај – 9 јуни)
Доколку имате проблем со парите, токму оваа личност ви е потребна за да ви помогне да ги средите финансиите. Нивниот ум е остар, но и многу подложен на влијанија. Нив не можете да не ги сакате, а нив им годи тоа.
ВРАПЧЕ (10 јуни – 7 јули)
Тие се природно талентирани да се грижат за другите и да ги смируваат кога се вознемирени. Умеат да бидат стабилни и при најсилни бури и под силен притисок. Сакаат нивниот живот секогаш да е балансиран, но и уживаат во самотничкото патување.
Продолжува на страна 2



















