КОЊ (8 јули – 4 август)
Моќен знак кој сака да се натпреварува, самоуверен е и не се плаши да ги покаже своите таленти. Има развиено шесто сетило за бизнис и професионални успеси, а исто така и ги цени авторитетите, но успешно се снаоѓа и на лидерски позиции.
ЛОСОС (5 август – 1 септември)
Нив им е потребна вода, за да можат да добијат визја и инспирација. Многу се интуитивни и имаат уникатен поглед на светот. Имаат и природен талент за уметност, но многу често им е потребно да бидат изолирани, за да го извлечат максимумот од себе.
ЛЕБЕД (2 септември – 29 септември)
Нивната духовност е особено истакната кога се со луѓе кои ги сметаат еднакви на себе. Но, тоа не ги прави дискриминирачки настроени, иако имаат високи стандарди кога треба да изберат луѓе со кои се дружат. Многу се организирани и сè прават со вкус и стил.
ПЕПЕРУТКА (30 септември – 27 октомври)
Секогаш расположени, насмеани и комуникативни, нив е невозможно да не ги сакате. Умеат да ве насмеат, а нивното расположение е заразно. Ги краси и исклучителна емпатија, а нивниот млад дух никогаш не умира.
ВОЛК (28 октомври – 24 ноември)
Волците се храбри, но ретко прават компромиси. Сепак, тоа не ги спречува да бидат хероите кои ги сакате покрај себе. Полни се со енергија и можат да ви бидат идеални пријатели, сè додека сте подготвени да бидете лојални на нивната кауза.
СОКОЛ (25 ноември – 23 декември)
Кога ќе видат нешто што посакуваат, тие се спремни да вложат дури и натприродни сили за да го добијат. Но, длабоко во себе се вистински филантропи кои се многу мудри и сакаат да го споделат своето знаење со пријателите.



















