КРАЈ НА ЕДНА ЕРА | Facebook го менува името? Zuckerberg под притисок на сѐ пожестоки критики најави сериозно ребрендирање!

2438

Името Facebook не оди во историјата, и понатаму би се користел како име за социјална мрежа.

Facebook, кој се соочува со зголемени критики од регулаторите и законодавците поради неговите деловни практики, има намера да се ребрендира под ново име, објави Reuters завчера, повикувајки се на The Verge.

Новото име, кое ќе биде објавено следната недела, се однесува на “metaverse” – простор за виртуелна реалност во кој корисниците во интеракција со околината создадена од компјутер и други корисници, тврди The Verge, повикувајќи се на информации од добро информирани извори.

Новинарите на Reuters побараа коментар од Фејсбук, но компанијата соопшти дека не коментира „гласини или шпекулации“.

Концептот на “metaverse”

Ребрендирањето ќе ја постави таа социјална мрежа како еден од многуте производи под матичната компанија што исто така ќе ги следи Instagram, WhatsApp, Oculus и други апликации.

Google ја прифати истата структура кога се реорганизира во холдинг Alphabet во 2015 година.

Ребрендирањето ќе го одрази фокусот на Facebook на развој на “metaverse”, онлајн светот каде што луѓето можат да користат различни уреди за навигација и комуникација во виртуелна средина. Концептот на “metaverse” има тенденција да ја пренесе реалноста на интернет.

Големи планови

Facebook инвестирал многу во проекти за виртуелна реалност (VR) и зголемена реалност (AR) и има намера да ги поврзе своите речиси три милијарди корисници преку неколку уреди и апликации.

Фејсбук, исто така, објави дека работи на водечкиот уред Oculus VR – Oculus Rift, уред за виртуелна реалност дизајниран првенствено за видео игри, иако може да се користи за други цели, како воена обука, и на AR очила и нараквици.

Во вторникот, ги објавија плановите за отворање на 10.000 работни места во Европска унија во следните пет години за да помогнат во изградбата на овој “metaverse”.
Закерберг зборува за “metaverse” од јули, а необичниот збор, кој првпат се појави во дистописки роман пред 30 години, го споменуваат и други технолошки компании, како што е Microsoft.

Станува збор за романот SF Snow Crash од американскиот автор Neal Stephenson.