Времето поминато пред екран го успорува развојот на децата

594

Децата кои поминуваат часови пред екраните би можеле да научат да решаваат проблеми и да комуницираат побавно, предупредува ново истражување.

Научниците велат дека колку повеќе едногодишните деца гледаат во екраните, толку е поголем ефектот врз нивниот развој.

Оние кои гледале телевизија или таблет повеќе од четири часа дневно во текот на првата година од животот имале доцнење во развојот. Меѓутоа, по четвртата година, нивните социјални и лични вештини и решавање проблеми се совпаднале со нивните врсници.

Експертите забележале дека јазичните вештини на некои деца се подобриле доколку нивните екрани се користат за едукативни цели.

Истражување на 7.097 деца беше спроведено од Tohoku University во Japan. Родителите пополнуваа прашалници по развојот на нивното дете.

Авторот на студијата, д-р Taku Obara заклучил дека „зголеменото време на екранот во првата година е поврзано со развојни доцнења во комуникацијата и решавањето проблеми на возраст од две до четири години“.