Понекогаш едноставни работи како што се живите огради можат да привлечат туристи од целиот свет со години, како што е примерот со Meikleour во Шкотска.
Сепак, ова не е жива ограда што сте навикнале да ја гледате секој ден покрај патот. Meikleour Beech Hedges го држи светскиот рекорд како највисока и најдолга жива ограда во светот.
Оваа жива ограда ја носи круната на „најголема во светот“ од 1966 година. Како и секој друг светски рекорд, таа е сериозен бизнис кој привлекува туристи и со тоа придонесува за економијата.
Се шиша и повторно се мери на секои 10 години, а оваа работа ја вршат четири лица шест недели.

Живата ограда е засадена од Jean Mercer и нејзиниот сопруг Robert Murray Nairne во есента 1745 година. Во Гинисовата книга на рекорди е запишана како највисока и најдолга жива ограда во светот, висока 30, а долга 530 метри.



















