Болките во грбот се меѓу најчестите жалби во Велика Британија.
Ново истражување покажува дека 90% од луѓето на Островот секој ден страдаат од болки во овој дел од телото, а 70% дури посегнуваат кон апчиња по неколку пати неделно.
Непријатностите во кичмата, сепак може да останат постојан проблем, ако не се променат некои навики.
Еве и кои се 4-те најчести причини кои водат до болки во грбот:
Смартфоните
Висењето со часови наведнати кон телефонот или таблетот води до искривување на вратот, што се рефлектира и врз ‘рбетниот столб.Експертите советуваат да го намалите користењето на мобилни уреди или кога ги користите, да ги подигнете на нивото на очите.
Стресот
Кога сте под стрес, целото тело се напрегнува, вклучувајќи ги и мускулите на грбот. Стресот ја зголемува и количината на хормонот кортизол во телото, што доведува до воспалителни процеси во него.
Седентарен начин на живот
Вработените во служби се меѓу најголемите жртви на ‘рбетната болка.Тоа лесно може да се поправи, ако се раздвижувате на секој час. Доволно е да станете и да се прошетате низ собата или дури и да ги кренете раце нагоре, што ќе им помогне на грбните мускули да се истегнат.
Пушењето
Истражувачите веруваат дека цигарите можат да го оштетат ткивото во долниот дел на грбот, со тоа што ќе ја забават циркулацијата и ќе го намалат протокот на хранливи материи за зглобовите и мускулите, што доведува до болки и воспаленија. Обидете се да запрете со цигарите и консултирајте се со специјалист за оваа тема. Во денешно време се нудат многу супститути кои ќе ви помогнат да се ослободите од никотинската зависност.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.